ТРАГЕДИЈА: Загина поранешен шведски репрезентативец додека возел велосипед

Поранешниот шведски ракометен репрезентативец, Фредрик Ларсон (36) загина додека возеше велосипед и зад себе остави сопруга и две деца, пренесуваат шведските медиуми. Според медиумите, на него додека возел налетал камион.

Шведската полиција ја отфрли можноста за нелегално возење, односно возачот не бил во пијана состојба и не бил под дејство на наркотици.

Меѓутоа во извештајот стои дека дошло до директен судар помеѓу велосипедистот и кампион кој одел во обратен правец и тоа на селски пат на кој и во минатото имало несреќи поради големиот број на свиоци и намалената прегледност.

Ларсон со репрезентацијата на Шведска настапи на ЕП 2010 и на СП 2011 година, а се пензионира во 2016 година поради повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот