ТРАГЕДИЈА: Загина аргентински олимпиец

Аргентинскиот фрлач на копје Браиан Толедо (26) загина во сообраќајна несреќа во Маркос Паз, 30 километри западно од Буенос Аирес.

Тој загина по падот од мотор во својот роден град. Толедо освои сребрен медал на светското јуниорско првенство 2012 година, а истата година учествуваше и на Олимписките игри во Лондон каде го освои 30. место.

Четири години подоцна, на Игрите во Рио де Жанеиро влезе во финалето во фрлање во копје и стана првиот Аргентинец по Рикардо Ебера од 1952 и Игрите во Хелсинки, кои се нашол меѓу 12. најдобри во оваа дисциплина. Толедо требаше да настапи и на Олимписките игри во Токио годинава.

– Загубивме голем спортист и уште поголем човек, нашиот мил Браиан. Беше великодушен и скромен спортист кој се солидализираше со останатите – изјави Херардо Вертеин, претседателот на Аргентинскиот олимписки комитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот