Трагедија во Виница: Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Малолетен пешак е тешко повреден на ул.„Ванчо Прке” во Виница откако во него удрило патничко возило „ланд ровер”, со винички регистарски ознаки, управувано од С.М.(67) од село Градец.

Како што соопшти МВР, сообраќајката била пријавена вчера во 10.30 часот во Полициската станица Виница.

-Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирни во Клиничкиот центар Штип, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Виница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот