Трагедија во Того: Бегајќи од корона почина од маларија

Фудбалскиот репрезентативец на Того, Куси Кудагба почина на 25-годишна возраст од маларија. Тој беше член на локалниот клуб АСЦ Кару, а последниот натпревар го одигра во март по што беше прекинато првенството поради пандемијата на коронавирусот.

Кудагба за време на паузата бегајќи од коронавирусот замина на село кај свои роднини.
Но, бегајќи од една болест, младиот фудбалер не успеа да се спаси од друга – маларијата.


„ Извршниот одбор на Фудбалската фдерација на Того изразува сочувство на семејството, пријателите, клубот АСЦ Кару како и на репрезентативците“ стои во соопштението.

Кудагба за репрезентацијата на Того забележа три настапи, а беше дел од селекцијата која настапи на Африканскиот куп на нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот