Трагедија во Србија: Загина автомобилист на трка во Краљево

принтскрин/јутјуб

Голема трагегија  се случи на трката на првенството на Србија во автомобилизам на кружни патеки која се одржа во Краљево. 38-годишниот Александар Шекуларацв го загуби животот откако неговиот автомобил излета од мостот.

До инцидентот дојде кога четворица возачи се обидоа да поминат низ мост кој бил лошо обезбеден. Во тие моменти дошло до нагурување меѓу возачите, Шекуларац бил „истеран“ од патеката и излетал од мостот.

Трката веднаш била прекината, а тешко повредениот Александар Шекуларац откако бил извлечен од оштетениот автомобил, итно бил пренесен во болницата во Краљево каде покрај големите напори на лекарите да го реанимираат и да му го спасат животот, несреќниот возач им подлегна на повредите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот