Трагедија во Србија: Млада мајка се обидела да ја запре количката со бебето, ја удрил камион и загинала

Фото: Инстаграм / 192.рс

Ужасна несреќа се случила денеска во српскиот град Лучани, каде 32-годишна жена и мајка загинала откако ја удрил камион, јавуваат српските медиуми.

Бизарниот инцидент се случил околу 15 часот, кога жената го шетала нејзиното бебе во количка на тротоар во центарот на градот. Во еден момент, се откачило и паднало едно од тркалата на бебешката количка, а жената инстиктивно тргнала напред за да го задржи детето. Но, тогаш таа ја загубила рамнотежата и паднала на коловозот, а токму во тој момент налетал градежен камион кој ја прегазил, пишуваат медиумите.

„Ова е хорор, што се случи. Така коцките да се поклопат, баш во тој момент тркалото паѓа и жената умира. За камионџијата не можеме да кажеме ништо, видовме дека возеше многу бавно“, велат очевидците.

Детето на настраданата жена не е повредено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот