Трагедија во Србија: Двајца браќа починаа од коронавирус на 26 и 35 години

Голема трагедија се случи во семејството Ѓокиќ, која во рок од десетина дена ги изгуби двајцата браќа Радош (35) и Стефан (26), кои во болницата во Чачак починаа од последици на коронавирусот.

Како што пишуваат српските медиуми на 1 јули починал постариот брат Радош кој имал 35 години, а по само десет дена на 11 јули починал и помалиот брат Стефан.

Како што пишува српски Телеграф, пред да биде примен во болница Стефан им испратил смртовница за постариот брат кој починал од Ковид 19 и на која е запишано дека дополнителна причина за смртта се и дијабетесот и неговата прекумерна тежина.

Стефан објаснил дека брат му никогаш немал дијабетес, но дека се жалел на лоша состојба кога бил примен во болницата и на висок шеќер во крвта.

Првиот тест на помладиот брат, кој патем неодамна се вратил од Америка каде бил на привремена работа, бил негативен. Дури по инсистирање на работодавачот на починатиот Радош сите што имале контакт со него да се тестираат, откриено е дека не само помладиот брат, туку и таткото и неговата девојка се позитивни на ковид 19.

Сега, во болницата во Чачак остана да се лекува само таткото, кој има тешка клиничка слика.

Влошувањето на состојбата и смртта на двајцата браќа ги збуни и шокираше лекарите, кои велат дека неверојатно брзо двајцата развиле тешко запаление на белите дробови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот