Трагедија во Скопје: Момче загина при пад од објект во изградба, му носело јадење на таткото

Фото: илустрација / Бетон

23-годишно момче од Скопје вчера загинало во трагична несреќа на градилиште кај Бит-пазар, кога паднало од објектот во изградба, на кој дошло за да му донесе јадење на својот таткото-работник, соопшти полицијата.

„Вчера во 10.50 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 23-годишниот М.О. од Скопје, кој вечерта околу 20:20 часот починал“, велат од МВР.

„Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од објект во изградба на подрачјето на Бит-пазар, каде што бил да однесе јадење на неговиот татко, кој работел на објектот. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција“, пишува во билтенот на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот