Трагедија во Скопје: 51-годишен маж се повредил на работно место и починал

Амбулантно возило / Фото: Профимедиа

Вчера утринава во СВР Скопје од болницата „Аџибадем Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден работник од фабрика во Скопје.

По излегување на местото на настанот полициски службеници констатирале дека станува збор за Б.С.(51) од тетовско село, кој се повредил при работа.

Од страна на лекар била констатирана смрт. Известени се надлежни инспектори, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот