Трагедија во Шведска: Две деца паднале низ прозорец од зграда, се сомневаат дека татко им прво ги избодел со нож, и ги фрлил

Фото: EPA-EFE/PER KARLSSON SWEDEN OUT

Шведската полиција уапси маж и жена осомничени за убиство, откако две деца „паднале од голема височина”, а едно од нив починало.

Еден од приведените, според локалните медиуми, е повреден и се наоѓа на лекување во болница, по што обајцата ќе бидат сослушани.

Децата, брат и сестра. и двајцата помлади од 10 години, исто така биле пренесени во болница. Но едното од нив починало, а другото има повреди опасни по живот. Децата ги нашол случаен минувач на плочникот пред зградата.

Таткото на децата ги избодел пред да ги фрли низ прозорецот од нивниот стан во западен Ст кхолм доцна синоќа, објави таблоидот Експресен.

Полицијата отвори истрага за случајот.

Детали за страшното злосторство во Шведска: Деца избодени со нож и фрлени низ прозорец