Трагедија во Штип: Загина тракторист, се превртел во нива

Несреќа со трактор/ Фото: МИА

Загина 43-годишен жител на штипската приградска населба Стар Караорман. Несреќата се случила на нива во близина на населбата, кога управувајќи со трактор се превртел и починал на самото место.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова за МИА изјави дека 43-годишниот К.Ц е пронајден околу 21.50 часот во близина на приградската населба Стар Караорман, а од семејството било изјавено дека починатиот кон нивата се упатил околу 16 часот. На местото на несреќата излегле полициски службеници, јавен обвинител, Итна медицинска помош и пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Штип.

Лекар од Брзата помош на местото констатирал смрт, телото на починатиот е предадено на семејството.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот