Трагедија во Сепанг, Индонезиец загина по пад од мотор

Инцидентот во кој 20-годишниот Мунандар го загуби ѓивотот се случи во деветиот свиок уште во првиот круг по што на патеката веднаш беа истакната црвени знамиња. На младиот возач веднаш му беше укажана помош на самата патека пред да биде префрлен во болница во Куала Лумпур, каде им подлегнал на повредите.


Мунандар беше еден од натпреварувачите кои ја одбележаа оваа сезона во Азискиот куп на таленти, успевајќи да победи на две трки, а на уште четири да обезбеди место на победничкиот подиум.

Патеката „Сепанг“ која е омилена кај возачите од Мото шампионатот, е позната и по големите трагедии. Пред осум години во „Сепанг“ животот го загуби Италијанецот Марко Симончели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот