ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА ПОЗНАТИОТ МУЗИЧАР: Пронајдена мртва неговата ќерка - Слободен печат
ЕспресоШоу биз

ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА ПОЗНАТИОТ МУЗИЧАР: Пронајдена мртва неговата ќерка

Кога пристигнале заедно со пожарникарите и медицинските служби, можеле само да констатираат смрт кај младата девојка.

Габриела Креан е ќерка на основачот на бендот Слипнот, Шон Креан, која долго време се борела со проблеми со пороците.

Полицијата добила дојава за можно предозирање во луксузна куќа во Холивуд. Кога пристигнале заедно со пожарникарите и медицинските служби, можеле само да констатираат смрт кај младата девојка.

Полицијата пронашла прибор за конзумирање дрога и други докази што укажуваат на предозирање. Ќе биде извршена и обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Габриела, која имаше 22 години подолго време имала проблеми со зависноста. Во својата последна објава на Инстаграм таа напишала дека веќе пет месеци не користи дрога.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close