Трагедија во САД, загина талентиран кошаркар кој летово требаше да заигра во НБА

Талентираниот американски кошаркар Теренс Кларк (19 години) загина во сообраќајна несреќа која се случи на улиците на Лос Анџелес. Кларк кој настапуваше за Универзитетот Кентаки и ова лето требаше да биде дел од НБА драфтот, животот го загуби така што се судрил со друг автомобил по што се одбил и удрил во бандера.

Младиот кошаркар бил жив во моментите кога пристигнала брзата помош, но имал толку тепки повреди што лекарите во болницата не успеале да му го спасат животот.
– Тешко ми е. Младо момче кое го сакавме, прерано го загуби животот, сите соништа и надежи беа пред него. Теренс Кларк беше прекрасно момче, некој кој со својата личност, насмевка, радост ги исполнуваше сите простории и ги приклекуваше луѓето. Сите сме во шок – изјави легендарниот тренер Џон Калипари кој го тренираше и Кларк.
Според медиумите, со него на улицата бил и соиграчот Би Џеј Бостон, кој всушност возел веднаш зад Кларк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот