Фото: Screenshot

Трагедија во САД: Убиен 17-годишен кошаркар

Медиумите во САД утрово пренесуваат трагична вест за смртта на талентираниот 17-годишен кошаркар, Ноа Скери кој бил убиен со огнено оружје.

Според информациите на медиумите, Скери бил убиен на патот до училиштето и тоа додека бил во придружба на неговата мајка во близина на неговиот дом.

Од полицијата објавија дека трагичниот настан се случил околу седум часот наутро, а биле испукани 20 куршуми. Засега причината за мотивите за убиството не се познати.

„Овој убиен тинејџер бил исклучителен. Кога во прашање е училиштетото, немаше никакви проблеми со било кој друг ученик. Никој не знае што е причината“, соопштија од полицијата.

Скери настапуваше за средношколскиот тим на Самуел Фелс, а директорот на ова училиште во писмото до семејството истакнал дека неодамна Скери го постигнал најдобриот резултат на тестовите во школската заедница.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот