Трагедија во САД: Семејство пронашло бомба во домот на нивниот дедо, таткото загинал, а децата се повредени откако по грешка ја активирале

САД полиција/ Фото EPA-EFE/DAVID SWANSON

Еден човек е пронајден мртов, а две од неговите деца се хоспитализирани откако рачна граната експлодирала во дом во американската сојузна држава Индијана во саботата попладне.

Како што е соопштено од канцеларијата на шерифот на округот Лејк, семејството почнало да ги пребарува работите на дедото во куќата околу 18:30 часот.

Нашле рачна бомба, но некој по грешка го повлекол фитилот и таа се активирала. Кога пристигнала помошта, таткото не реагирал и на местото на настанот била констатирана смрт.

Неговите две деца, 17-годишниот син и 18-годишната ќерка се во болница со полесни рани.

На местото на настанот бил повикан одредот за бомби на шерифот на округот Портер. Истрагата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот