10.8 C
Скопје

Трагедија во САД, млад кошаркар и неговата сестра загинаа во сообраќајна несреќа

Пред само три дена Оскар Фрајер (25) години со својот Универзитет Гранд Кањон играше на НЦАА турнирот, а денеска соиграчите се простија од него.


Фрајер загина во сообраќајна несреќа која се случи на автопат во Калифорнија. Трагичната сообраќајка се случија утринава околу 2.30 часот кога кошаркарот излетал од патот и удрил во дрво. Автомобилот експлодирал, а на несреќниот Фрајер и останатите патници им немало спас. Со него во автомобилот била неговата постара сестра и уште една непозната личност.
Истрагата е во тек, а се уште не е позната причината за несреќата како и причината зашто кошаркарот одеднаш излетал од патот.

„На теренот Оскар беше познат под прекарот „High Flyer“, ќе го паметите по силните забивања, одличната одбрана и блокадите. Надвор од теренот ќе остане запомнет по насмевката, неговиот весел дух кој стана еден од најомилените ученици во кампусот“, стои на страницата на Универзитетот Гранд Кањон.

Неговиот тим пред три дена загуби во првата рунда од НЦАА турнирот од Ајова со 86:74, а Оскар постигна осум поени, и имаше пет асистенции и три блокади.

Поврзани вести

Кои се најпознатите прекари на фудбалерите: Трактор, психо, пирана, пират….

Слободен печат

Челси му се реваншира на Лестер за поразот во ФА Купот и го остави да виси за ЛШ

Слободен печат

Црвена звезда на чекор до титулата во АБА лигата, неверојатен натпревар во Белград

Слободен печат

Официјално: Бензема по шест години повторно во француската репрезентација

Слободен печат

ЕСПН ќе снима документарец за најомилениот кошаркар во НБА, „џинот“ Бобан Марјановиќ

Слободен печат

ВИДЕО: Голчиштето на Кавани недоволно за победа на Јунајтед, нов триумф за Алиоски и Лидс

Слободен печат

Остави Коментар