ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА: Загина млад хокеар

принтскрин

Во страшна сообраќајна несреќа која се случи во близина на Пенза, Русија, животот го загуби еден од најталентираните руски хокеари, 21-годишниот Артем Карпенко.

Тој беше член на екипата Јужен Урал, а клубот соопшти дека во автомобилот имало уште една женска личност која исто така починала како последица од здобиените повреди.

До несреќата дошло кога се судриле автомобилот на Карпенко и уште едно комби возило. Патниците од комбито се здобиле со лесни и тешки повреди, а успеале навреме да излезат од возилото пред тоа да се запали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот