ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА: Пожар во детски камп, најмалку пет деца загинаа (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Во пожар во детски камп во ски-центарот Холдоми во Русија, најмалку пет деца го загубиле животот, пренесуваат руските медиуми.

Според информациите, загинати се три девојчиња од 10 и две од 11 години, а уште едно дете е во тешка здравствена состојба. Повредени се 12 луѓе, од кои седум се деца.

Огнот најпрво избил во еден од шаторите, а потоа се проширил на 26 шатори од кои 20 целосно изгореле.

Во кампот за време на пожарот имало 189 деца. И понатаму се испитува причината за пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот