Трагедија во Перу: Над 20 мртви во автобуска несреќа

Перу несреќа/ Фото EPA-EFE/MARCOS PIN

Најмалку 24 лица загинаа во автобуска несреќа во северниот дел на Перу, соопштија официјални лица.

Во автобусот кој излетал од патот имало 60 патници, објави Ројтерс.

Полицијата не соопшти колку лица се повредени во несреќата.

Автобусот излетал од патот во планинскиот регион Ел Алто на крајниот север на земјата.

Причините за несреќата се истражуваат, а според првичните податоци автобусот неодамна поминал на безбедносна проверка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот