ТРАГЕДИЈА ВО НИШ: Седумгодишно дете загина по пад од 12 кат
Седумгодишно дете загина денеска околу 8.30 часот по пад од висока зграда во Ниш, дознава Блиц.рс.
Според првичните информации, детето, кое било само дома, паднало од 12 кат на зградата. Детето паднало врз автомобил марка „голф“ паркиран пред зградата и на лице место починало.
Се утврдуваат деталите од трагедијата.
Според зборовите на соседите, мајката на детето заминала да го однесе другото дете во градинка, која се наоѓа во близина на зградата, а детето, најверојатно, гледало низ прозор кога мајката ќе се врати, па така дошло до трагедијата.
– Детето најверојатно се навалило преку работ од прозорот нестрпливо да види кога мајка му ќе се врати, па изгубило рамнотежа и паднало врз автомобилот пред зградата. Ова е страшна трагедија – раскажале шокираните соседи.