Трагедија во Неготино, се превртел со трактор и починал

Несреќа со трактор/ Фото: МИА

Денеска (07.05.2021) во 07:40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на локалниот пат Неготино – с.Курија, Т.П.(58) од Неготино, управувајќи трактор, изгубил контрола, се превртел и починал на местото на незгодата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен од екипа на Полициската станица Неготино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот