Трагедија во Минесота: Седумчлено семејство пронајдено мртво, се отруле со гас

Американска полиција
Фото: ЕПА

Седумчлено семејство, чии тела беа пронајдени претходно оваа недела во куќа во Минесота, починале поради случајно труење со јаглерод моноксид, соопшти полицијата.

Причината за смртта е потврдена со лабораториски тестови на крвта и вештачење, пишува Си-Ен-Ен.

Во несреќата загинаа Белин Хернандез (37), неговата сопруга Марлени Пинто (34) и нивните деца на возраст од 16, 7 и 5 години. Убиени се и Елдор Хернандез Кастиљо, 32-годишниот брат на Белин Хернандез и внукот Мариел Гузман Пинто (19).

„Засега сè укажува дека се работи за несреќен случај“

– Засега сè укажува дека се работи за несреќен случај, но истрагата се уште е во тек, изјави полицаецот Шенон Монро.

Полицијата во саботата добила пријава од загрижени членови на семејството, па полицајците отишле на увид во објектот. При влегувањето во куќата не се пронајдени траги на насилно влегување или насилство.

Според полицискиот извештај, во куќата имало два извори на јаглерод моноксид, шпорет и возило паркирано во гаражата. Истражителите пронајдоа детектор за чад во зградата, каде што порано бил детекторот за јаглерод моноксид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот