Трагедија во Малезија: Момче исчезнало, па му ги пронашле остатоците во стомак на крокодил (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Остатоците на едно момче од Малезија биле пронајдени во стомакот на крокодил, а се верува дека било изедено пред неколку дена

Рики Ганиј (14) бил нападнат од крокодилот пред неколку дена додека барал полжави во близина на река.

Тој исчезнал на 26. јули и семејството тоа го пријавило,  но неговата тетка рекла дека видела кога крокодилот го одвлекол под вода.

Спасувачи го фатиле крокодилот на околу 3 километри подалеку од местото од кое исчезнало момчето. Тој потоа бил отворен пред семејството на тинејџерот и полицијата.

Полицијата објаснила дека во телото на животното биле пронајдени остатоци од облеката и делови од телото на момчето, кои биле испратени на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот