Трагедија во Лесковац: Цело семејство починало за 10 дена, таткото и ќерката од ковид, мајката од инфаркт

Ковид клиника Србија
Фото: ЕПА/ЕФЕ

Цело семејство од српскиот град Лесковац е завиено во црно, откако за само десет дена, мајка, татко и ќерка починаа од ковид-19.

Како што пишува порталот Решетка.рс., прво починала мајката, потоа ќерката, а денеска таткото. 

Се претпоставува дека сите починале како последица од коронавирусот. Ќерката и таткото биле позитивни на ковид-19, а мајката, чии резултати биле негативни, починала од срцев удар.  

Сите биле вакцинирани со трета доза 

Сите биле вакцинирани со три дози. Семејството кое утре го погребува седумдесет и шестгодишниот татко, главата на куќата, е скршено од болка и целосно шокирано. 

„Не ми се верува дека пред две недели ги видов сите среќни, насмеани, собрани во дворот на семеен ручек, како си играат со внуците. А потоа почна пеколот“ расплакани раскажале соседите од улицата. 

Поради сомнеж дека имаат ковид, иако трипати биле вакцинирани, сите биле тестирани, а резултатите прво покажале дека е позитивна педесет и седумгодишна ќерка.  

Со придружни болести, таа починала во болницата во Ниш на 23 октомври. 

На мајката (75) една недела претходно, престанало да и чука срцето. Нејзиниот сопруг веќе имал билатерална пневмонија, но тој во тој момент не бил во болница, бидејќи лекарот го испратил дома.  

„Кога состојбата му се влоши отидовме приватно да се прегледаме, потоа му беше констатиран ковид и дури потоа беше примен во болница и хоспитализиран. Жената почина од грижа и стрес за детето и нејзиниот сопруг. Почина не знаејќи ни дека ќерка му умрела“  вели внукот за порталот Решетка. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот