Трагедија во Кореја: Одбојкарка пронајдена мртва во својот стан

Корејската одбојкарка Ју-Мин Го е пронајдена мртва во нејзиниот дом, а се сомнева дека извршила самоубиство.

Полицајците ја пронашле во нејзиниот стан откако поранешна соиграчка од Хјундаи Хилстејт безуспешно се обидувала да ја добие на телефон, а потоа дошла со нејзиниот стан, но повторно никој не и одговорил. Потоа повикала полиција која влегла во апартманот и го пронашла безживотното тело на поранешната одбојкарка.


Прелиминарната истрага покажа дека нема знаци на насилство или обивање на апартамнот и најверојанто станува збор за самоубиство, од засега непознати причини.

Интересно е што Ју-Мин Го во март годинава изненадувачки одлучи да ја прекине кариерата. откако претходно настапуваше седумм сезони за екипата на Хјундаи Хилстејт.

За краток период ова е втор случај на самоубиство на корејска спортистка откако во кон крајот на јуни животот си го одзеде и триатлонката Чои Сук Хјон. Како причина за нејзиното самоубиство беше злоставувањето од страна на тренерите и постарите членови на тимот.
Во случајот со одбојкарката Ју-Мин Го, таа немала никакви проблеми со тренерите и соиграчките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот