Трагедија во Конго: 13 лица загинаа, а 142 се водат исчезнати во бродолом – Слободен печат
ВестиПланета

Трагедија во Конго: 13 лица загинаа, а 142 се водат исчезнати во бродолом

Бродот со 200 патници што пловел кон комерцијалниот центар Гоми потона во езерото Киву.

Повеќе од 13 луѓе загинаа, а 142 се водат како исчезнати по бродоломот во езерото Куву, во источниот дел на Демократска Република Конго изјави денеска преседателот Феликс Чисекеди.

Тој додаде, при несреќата што се случи во понеделникот, дека спасени се 37 луѓе.

Бродот со 200 патници што пловел кон комерцијалниот центар Гоми потона во езерото Киву.

Невладините организации повеќепати досега бараа од властите да се зголеми контролата над бродскиот превоз бидејќи пренатрупаните чамци и бродови, се честа причина за несреќите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close