Трагедија во кочанско Грдовци: Од цигара пламна куќа – маж изгоре, неговата мајка повредена

Во пожар што рано изутрнава избувна во куќа во кочанското село Грдовци, едно лице почина, а друго се здобило со повреди и е префрлено на лекување во Општата болница – Кочани.

Со брза интервенција на екипа од Територијалната противпожарна единица од Кочани, пожарот е локализиран и спречено е проширување на огнот врз целиот објект.

-Околу шест часот утрово добивме повик за интервенција во станбен објект во Грдовци, при што затекнавме пламен во две простории. За жал, едно машко лице на 46-годишна возраст беше изгорено, а неговата мајка, која вдишала штетни гасови од чадот, е префрлена во кочанската болница. Интервениравме со три возила и пет пожарникари, при што спречивме пламенот да ги зафати и соседните простории со придружните објекти во близина. Првичните наоди водат кон претпоставка дека пожарот е предизвикан од неизгасена цигара што починатото лице ја имало додека лежело во креветот, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица – Кочани.

Прочитајте и...  Прогноза за Арктикот до крај на векот: Температурата може да се зголеми за 20 степени

На местото на пожарот во тек е увид од страна на полициски инспектори и јавен обвнител.

Поврзани вести

ВИДЕО+ФОТО I  Руски дипломати ја напуштија Северна Кореја туркајќи вагонче од воз

Слободен печат

ВИДЕО: Воздушниот напад на Бајден врз Сирија – симболичен гест, вовед во војна или нешто друго?

Слободен печат

Родителите на исчезнатите млади момчиња апелираат до Вучиќ да не објавува фотографии и снимки од монструозните убиства на кланот на Веља Невоља

Слободен печат

ВИДЕО | Забавата поради која Неделковски и Пандов завршија во полиција

Слободен печат

Маричиќ потврди дека Русковска е обвинителот со кој се сретнал во петокот

Слободен печат

Амбасадорот Коснет ја потврди поддршката на САД за ЕУ ​​во дијалогот Белград-Приштина

Слободен печат

Остави Коментар