ТРАГЕДИЈА ВО КАЗАХСТАН: 14-годишно девојче загина по експлозија на мобилен телефон

Фото: Твитер

При експлозија на мобилен телефон во Казахстан животот го загубило 14-годишно девојче. Според пишувањата на тамошните медиуми, телефонот експлодирал во близина на главата на девојчето.

Алуа Асетизи Абзалбек од Казахстан слушала музика на нејзиниот мобилен телефон пред спиење и утрината била пронајдена мртва, според „Дејли мејл“.

Крај нејзината глава на перницата имало мобилен телефон, чија батерија експлодирала. Тој бил вклучен во струјата, соопшти локалната полиција. Форензичарите потврдиле дека мобилниот телефон експлодирал рано наутро и дека батеријата се прегреала при полнење.

Иако се шпекулира дека девојчето починало од повреди на главата затоа што смртта била моментна, тоа ќе биде потврдено по обдукцијата.

„Беше најдобра, се дружевме уште од детството. Ми недостигаш“, напишала најдобрата пријателка на загинатата девојка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот