Трагедија во Италија: Камион прегази познат велосипедист

Фото: EPA-EFE/OLIVER WEIKEN

Трагични вести ни пристигнуваат од Италија, 52-годишниот велосипедист Давиде Ребелин го загубил животот откако во него удрил камион. Докторите се обиделе, но не успеале да му го спасат животот, пренесуваат медиумите.

На Олимписките игри во Пекинг во 2008 година Ребелин успеа да стигне до подиумот, но подоцна медалот му беше одземен поради допинг-скандал. Поради скандалот тој беше и суспендиран, по суспензијата се врати на спортот.

Кариерата на Ребелин траеше три децении, а се пензионира на почетокот на оваа година. По трагичната вест се огласи и шефот на „Тур де Франс“, Кристијан Прудом.

„Ова е бескрајно тажен ден за сите оние кои го сакаат велосипедизмот“, кратко изјави Прудом.

Во неговата успешна кариера успеа да оствари 61 победа. Во овој момент не се познати многу детали за несреќата, надлежните органи го истражуваат случајот. Првичните информации се дека камионот продолжил да вози откако го удрил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот