Трагедија во Индија: Се урна хеликоптерот со шефот на воените сили

Генералот Бипин Рават - Фотографија ЕПА, Раџат Гупта

Хеликоптер во кој бил и шефот на индиските воени сили, генералот Бипин Рават, се урнал во јужниот дел на земјата кај местото Кунур, при што загинале четири лица.

Официјални лица до пладнето не можеа да ја кажат судбината на генералот Рават, кој со хеликоптерот патувал од базата во Сулур до Велингтон во сојузната држава Тамил Наду за да одржи предавање пред питомци. Рават во 2019 година беше назначен за шеф на воените сили, на нова позиција што ја интегрира командата врз трите воени рода – Армијата, Морнарицата и Воздухопловството.

Причината за уривањето не е позната. Местото Кунур е на патеката на летот, а хеликоптерот бил од типот „ми-17в5“ од руско производство, какви што вообичаено користат високи офицери и владини функционери.

– Тоа е сигурен и проверен хеликоптер, со кој самиот сум патувал во лоши услови – изјави поранешниот шеф на Армијата, Џ.Џ. Синг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот