Трагедија во Холандија: Во сообраќајка загина суперталент на Ајакс

фото: AFC Ajax

Холандија и фудбалскиот свет се завиени во црно, утринава младиот 16-годишен Ноа Гесер и неговиот брат го загубија животот во страшна сообраќајна несреќа.
Гесер беше член на младите генерации на Ајакс и се сметаше за суперталент и голема надеж на тимот од Амстердам но и на холандскиот фудбал.

Страшната сообраќајна несреќа се случила во близина на Утрехт. Ајакс потврди дека несреќата се случија кога автомобилот во кој биле Ноа Гесер и неговиот 18-годишен брат се судриле со такси. Двајцата починале на лице место, додека возачот на таксито не се наоѓа во животна опасност.
„Ајакс е длабоко пододен од трагичната смрт на младиот Ноа Гесер. Нашите мисли се со неговото семејство, пријатели и роднини“, соопшти Ајакс.

Клубот исто така надеве дека секој наптревар ќе започне со минута молчење, и сите фудбалери и на првиот и на младиот тим ќе носат црни ленти околу раката, а знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот