ТРАГЕДИЈА ВО ХОЛАНДИЈА: Полицаец си ги убил децата и се самоубил, сопругата се бори за живот (ВИДЕО)

Холандската полиција соопшти дека во градот Дордехт дошло до пукање во семејна куќа , при што се убиени три лица.

Полицијата  објави и дека едно лице е тешко повредено. Според медиумите , околу 17.30 часот на местото на трагедијата пристигнале полициски хелкоптери и возила на итна помош.

Холандскиот портал Телеграф дознава дека станува збор за семејна драма во која полицаец пукал кон членовите на семејството и на крајот си го одзел животот. Тие додаваат дека овие информации ги потврдил извор близок до истрагата.

Меѓутоа, другите холандски медиуми додадоа дека соседите дознале дека тројцата загинати се полицаец, кој пукал кон неговото семејство и двете деца, а потоа си пресудил. Додаваат дека неговата сопруга и мајката на децата била сериозно повредена.

Полицијата потврди дека тројцата биле мртви, но не соопшти дали се деца.

Соседите додадоа и дека мажот и жената биле во процес на развод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот