Спасувачка драма во реката Арахтос во Грција/Фото:

Трагедија во Грција: Потврдена мозочна смрт кај две деца што паднаа во реката Арахтос

Повторените тестови извршени врз двајцата малолетници извлечени од водите на реката Арахтос во северозападниот регион Арта во Грција покажаа дека доживеале мозочна смрт, објави ЕРТ додавајќи дека момчињата се пронајдени откако еден час останале без кислород.

Според телевизијата малолетниците на возраст од 14 и 15 години биле без кислород најмалку 50 минути. Лекарите вложиле натчовечки напори да ги вратат во живот додека им вршеле кардиопулмонална реанимација околу 20 минути. И вториот тест за мозочна активност кај децата покажал мозочна смрт.

Родителите на 14-годишникот, според ЕРТ, одлучиле да ги донираат неговите органи.

Децата беа хоспитализирани од среда попладне во болницата Рио, интубирани и во исклучително критична состојба, а целиот персонал, под водство на директорот на Детската единица за интензивна нега, Андреас Елиадес, буквално беше над нив.

На местото каде што едниот малолетник влегол во реката се криела стапица, бидејќи длабочината достигнува седум метри во првите чекори. Така, не е исклучено детето одеднаш да го изгубило тлото, се испаничило и почнало да тоне.

Според информациите од роднините на децата, второто дете влегло за да го спаси својот другар. Другите две малолетни лица кои биле надвор од реката, исто така се обиделе да влезат во реката, но бидејќи сфатиле дека ќе се удават, одлучиле да влезат во еден од чамците на местото на настанот и да им помогнат на своите двајца другари кои се мачеле да се одржат во водата.

Тие побарале помош од луѓето во блиското кафуле, од каде шест лица веднаш излегле како и возач на автобус застанал да помогне. 41-годишниот Гога Левиан, албански емигрант од Берат кој се нашол во кафулето веднаш нурнал во реката кога дознал за давениците. На длабочина од околу 8 метри успеал да пронајде едно од децата кое било без свест и со помодрено лице, но успеал да го извлече жив. Кога слушнал дека има уште едно дете, повторно скокнал и го нашол како лежи на грб на дното на реката. Албанецот е прогласен за херој во Грција поради пожртвуваноста да ги спаси децата паднати во реката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот