ТРАГЕДИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Во страшна сообраќајка загинале тројца Срби

Фото: Принтскрин

Во страшна сообраќајна несреќа која се случила во неделата на автопат во Германија, загинала 19-годишната Анѓела, нејзиното момче и нејзиниот вујко, пренесува Курир.рс.

Според овие информации, докторите се борат за животот на нејзиниот 14-годишен брат, додека 46-годишниот татко на тинејџерката, кој исто така бил со нив, е во стабилна состојба.

Семејството кое доживеало страшна трагедија живеело во село близу Лесковац. Анѓела во јули, откако завршила средно училиште во Белград, отишла во Германија, каде веќе живееле нејзините родители и помладиот брат.

– Миле е роден во Германија, но дојде да живее во Србија, се до минатата година кога повторно се врати таму. Мајката на Анѓела заедно си синот отиде по сопругот, а Анѓела дури во јули. Вујкото кој загина во несреќата отишол таму да работи пред неколку месеци – рекол извор близок до семејството.

Во Белград Анѓела живеела кај својата баба. Летово отишла кај родителите за да започне процедура за средување на документи, како и да најде работа.

– Нејзиното момче отиде да ја изненади, да ја виде. Меѓутоа, загинаа и двајцата – додал изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот