ТРАГЕДИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Синот на поранешниот претседател избоден до смрт

Фото: Илустрација/EPA

Синот на поранешниот претседател на Германија, Рихард фон Вајцзекер, Фриц синоќа е избоден до смрт за време на предавање во болницата во која бил вработен.

Фриц фон Вајцзекер починал на самото место, додека напаѓачот е уапсен. Поголем број лица од публиката и помогнале на полицијата да го приведе напаѓачот.

Во инцидентот потешко повредено е уште еден човек, кој застанал помеѓу напаѓачот и Фриц Вајцзекер.

Фриц фон Вајцзекер од 2005 година беше главен лекар на одделението за Интерна медицина во приватната болница „Шлоспарк”, во која е убиен. Во болницата редовно се одржуваат предавања за луѓе кои не се поврзани со медицината, а сакаат да дознаат повеќе за болестите, дијагнозите и терапиите.

Таткото на жртвата, Рихард фон Вајцзекер од 1981 до 1984 година беше градоначалник на Берлин, а потоа од 1984 до 1994 година беше претседател на Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот