ТРАГЕДИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Автобус се преврте, едно лице загина, 74 се повредени (ВИДЕО)

Едно лице загина, а повеќе од 60 се повредени, меѓу кои седуммина потешко, во автобуската несреќа во близина на Лајпциг, на истокот на Германија, соопшти полицијата.

Несреќата се случила синоќа на автопатот А9 во близина на Лајпциг од се уште неутврдени причини, изјавил портпаролот на полицијата.

На снимените фотографии може да се види превртениот автобус кој ја пробил заштитната ограда.

Неколку хеликоптери биле испратени за евакуација на повредените.

Автобусот во кој се наоѓале 74 лица возел од Берлин кон Минхен за германската компанија „Фликсбус“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот