Уште една жртва при уривањето на висечки мост во Франција: Загина и возачот на камионот

Возач на камион и 15-годишно девојче загинаа откако се урна висечки мост над река долг 150 метри при што и неколку возила паднаа во вода.

Од вчера беше познато дека загинало едно лице, а сега излегоа информации и за смртта на возачот на камионот. 

Регионалниот обвинител Доминик Алзеари изјави дека мајката на девојчето е спасена од луѓе близу мостот што ги поврзува градовите Мирепоекс-сур-Тарн и Бесиер, во југозападна Франција. Мостот се урнал поради преголема тежина на камионот.

– Неговата тежина се проценува над 40 тони, а мостот можел да издржи товар до 19 тони – изјави градоначалникот на Мирпо-сур-тар, Ерик Оге.

Девојчето, наводно, било во автомобилот заедно со родителите во моментот на уривање на мостот.

Неколку часа подоцна, Оге објави дека е пронајдено и телото на возачот на камионот што паднал во реката и дека во несреќата се повредени пет лица, меѓу кои и двајца пожарникари.

Мостот датира од 1931 година – долг е 150 метри и широк пет метри, и реновиран во 2003 година.

Несреќата сепак, повторно го отвори прашањето за исправноста на мостовите во Франција. Според некои проценки, во Франција 25.000 мостови имаат безбедносен проблем, додека на 23 најголеми мостови им е потребна интервенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот