ТРАГЕДИЈА ВО БРАЗИЛ: Три лица починаа од труење со пиво

Истражувањата покажуваат дека труењето со ДЕГ може да предизвика невролошки компликации, вклучувајќи парализа, кома и смрт.

Три лица починаа во Бразил од точено пиво, а се претпоставува дека пивото содржело отровна хемикалија диетилен гликол (ДЕГ), што се користи во антифриз и други производи.

Министерството за земјоделство соопшти дека траги на ДЕГ се пронајдени во осум различни видови пива што ги произведува „Бејкер”.

Истражувањата покажуваат дека труењето со ДЕГ може да предизвика невролошки компликации, вклучувајќи парализа, кома и смрт.

Пиварницата соопшти дека соработува со истрагата, при тоа додавајќи оти не користи ДЕГ во производството, но дека употребува помалку отровна супстанца – моноетилен гликол.

Полицијата нареди и претрес на компанијата која ја снабдува пиварницата со моноетилен гликол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот