ТРАГЕДИЈА во Бразил: Олимпиец пронајден мртов покрај својот автомобил

twitter/diariodolitoral.br

Џудистот Марио Сабино го претставуваше Бразил на Олимписките игри во 2000 и 2004 година и тоа во категоријата до 100 килограми. Најголеми успеси на Сабино се бронзениот медал на Светското првенство во 2003 година и златото од Панамериканските игри исто така во 2003 година.

По завршувањњето на професионалната кариера, Марио Сабино и се приклучи на војската, а од 2012 година е дел од стручниот штаб на џудо репрезентацијата на Бразил.

Според претпоставениот на Сабино во воената полиција, поранешниот олимпиец имал несогласувања со колега и на крајот тоа завршило трагично и за двајцата. И двајцата се пронајдени мртви покрај автомобилот на Сабино кој бил убиен од колегата, кој пак потоа си го одзел и својот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот