Трагедија во БиХ: Пијани возачи кои се тркале со „БМВ“ и „мерцедес“ збришаа недолжно семејство

Фото: G. Š./Klix.ba

Тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа кај Мостар, во која четворица луѓе го загубија животот, а уште четворица се тешко повредени, била предизвикана од пијани возачи кои организирале трка со автомобили, неофицијално дознава Klix.ba.

Во алкохолизирана состојба се тркале М.П. во автомобил „БМВ“ и М.Д. во „мерцедес“, кому биле измерени 2,5 промили алкохол во крвта. Смртно настрадал бизнисменот Мате П, кој управувал со „БМВ“-то, а кој притоа со пријалтел се враќал од крштевка.

Тие се тркале во насока од Мостар кон Чапљина и во местото Буна – Затон во близина на Бунскиот канал усмртиле недолжно семејство кое патувале во „рено сеник“ од обратен правец.

Во ставичниот судир, во „реното“ смртно настрала брачната двојка Крстиќ од Мостар, заедно со нивниот деветгодишен син, додека тригодишната ќерка се здобила со тешки повреди и се бори за живот во мостарската болница. Тешко се повредени други тројца патници кои биле заедно со Мате П. во „БМВ“-то.

Припадниците на полициската управа во Мостар пет часа вршеле увид на местото на несреќата, која ја потресе јавноста во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот