Трагедија во Бања Лука: Четиригодишно девојче починало откако со часови било заклучено во автомобил

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Четиригодишно девојче од Бања Лука починало откако со часови седело заклучено во автомобил, известуваат денеска локалните медиуми.

Порталот „Независни новини“, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, објави дека девојчето починало од високите температури, а засега не е јасно како членовите на семејството ја оставиле сама во автомобилот.

– Во такви околности, температурата во возилото е многу повисока во однос на надворешната температура, истакнуваат соговорниците на „Независни новини“.

Обвинителството во Бања Лука потврдува дека се истражува случајот за смртта на девојчето кое во текот на вчерашниот ден е пронајдено во автомобил паркиран во дворот на семејната куќа во Доња Пискавица. Исто така, ќе биде направена и обдукција со цел да се утврдат точните околности и причините за смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот