ТРАГЕДИЈА ВО АРГЕНТИНА: Млад колумбијски фудбалер загина на тренинг

Андрес Баланта

Колумбискиот интернационалец Андрес Баланта, кој играше за аргентинскиот прволигаш Атлетико Тукумана, почина за време на клупскиот тренинг.

Несреќниот фудбалер имаше само 22 години, а колабираше среде тренинг, по што не помогнаа сите обиди за негова реанимација. Баланта е поранешен младински репрезентативец на Колумбија, а иако сè уште нема официјална информација за причината за неговата смрт, многумина сметаат дека голем удел имало и времето, со оглед што екипата на Атлетико тренирала на 36 степени при голема влажност на воздухот.

Балантa и претходно колабирал на тренинг и тоа во 2019 година, кога се онесвестил поради ниското ниво на глукоза во крвта. Тогаш брзо дошол при себе, но овој пат ја немал таа среќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот