Трагедија во Англија: Фудбалер почина откако бил претепан пред ноќен клуб

twitter/WEST BROM FAN TV

Фудбалерот на Метлок таун, Џордан Синот почина како последица на здобиените повреди, објави полицијата.

Синот бил пронајден во тешка здравствена состојба во Ретфорд, Нотингамшир, околу два часот по полноќ во утринава.

Полицијата објави дека претходно добила повик за да интервенира и да спречи голема масовна тепачка пред ноќен клуб , само неколку часа пред да биде пронајдено телото на фудбалерот.

Џордан Синот имал тешки телесни повреди, имал фрактура на черепот и како последица на повредите тој починал во болницата.
Полицијата веднаш уапсила неименуван 27-годишен маж за кого се сомнева дека ги нанел фаталните повреди на фудбалерот.

– Добивме страшна вест за нашиот поранешен фудбалер Џордан Синот. Не е познато под какви околности настапила смртта и нема да даваме коментари од почит кон семејството на Џордан, се вели во соопштението на Халифакс, кој прв се огласи по повод трагичниот настан.

Синот за Метлок таун настапуваше како позајмен играч од Алфретон таун, а кариерата ја започна во Хадерсфилд. Во меѓувреме настапуваше за Алтринхам, Бери, Халифакс и Честерфилд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот