ТРАГЕДИЈА: Велосипедист загина откако се удри во бетонски столб

принтскрин

Џовани Јанели подоцна во болницата им подлегна на тешките повреди кои ги здоби по трагичниот удар.
Трагичниот настан се случи при самиот крај на трката која се возеше по дождливо време. Јанели возел со брзина од 60 километри на час кога загубил контрола врз велосипедот и се удрил во бетонски столб.

Од силината на ударот, шлемот се преполовил по што несреќниот Јанели останал без свест. Лекарите експресно реагирале и го префрлиле Јанели во најблиската болница, но италијанскиот велосипедист паднал во кома.

Поради силниот удар тој добил внатрешно крварање, по што починал во болницата.
Јанели се сметаше за еден од најталентираните млади велосипедисти во Италија на кого му се предвидуваше голема иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот