ТРАГЕДИЈА: Убиен холандски фудбалер во Амстердам! (ФОТО) – Слободен печат
СпортФудбал

ТРАГЕДИЈА: Убиен холандски фудбалер во Амстердам! (ФОТО)

Убиството се случи истиот ден кога вооружен напаѓач во Амстердам го уби неговиот адвокат кој водеше важен случаj...

Одбранбениот играч ги бранеше боите на англискиот клуб Бартон Албион. Холандскиот професионален фудбалер Келвин Мејнард (32) е убиен во текот на изминатата ноќ на улиците во Амстердам.

Мејнард е застрелан во својата автомобил во средата, а полицијата според изјава на сведок е во потрага по двајца осомничени кои од местото на настанот побегнале со црн скутер.

Застрелан со огнено оружје во Амстердам и полицијата сè уште не го знае мотивот за убиството, пренесува „АП“.

Убиството се случи истиот ден кога вооружен напаѓач во Амстердам го уби адвокатот кој водеше важен случаj против група обвинета за убиства поврзана со дрога.

Инаку, убиениот адвокат, Дерк Вирсум (44) го бранеше клучниот сведок во процек кој е во тек. Сегашниот клуб на Мајнард Алфенс бојс изрази сочувство до неговото семејство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close