Трагедија: Тркач падна пред целта и почина на полумаратонот во Загреб!

фото: facebook.com/zagreb.hr

Ужасна вест ни доаѓа од Загреб (Хрватска) каде се случи голема трагедија откако еден учесник почина на Балканското првенство во полумаратон.

На петтиот полумаратон во хрватскиот главен град еден од тркачите падна непосредно пред целта и почина по еден час.

Брзата помош реагираше брзо и се обиде да помогне, но не успеа. Не беше ниту дел од Балканското првенство и Првенството на Хрватска.

Според „Спортске новости“ станува збор за 43-годишен рекреативен тркач кој меѓу последните ги завршуваше трките и не беше член на ниту еден клуб.

Лекарите се обидоа со реанимација да го вратат човекот во живот, но не беше спасен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот