Трагедија што ѝ го смени животот на чешката мисица: Едвај го преживеала разорното цунами, а сега има едногодишен син

Instagram

Поранешниот супермодел Петра немцова е родена на 24 јуни 1979 година во Чешка. Пораснала во Прага кдае што ја забележал ловец на таленти и брзо влегла во светот на манекенството и ги освоила светските модни писти.
Меѓутоа, нејзиниот живот го обележила една голема трагедија во 2004 година.

Била вљубена во британскиот фотограф Сајмон Ејтли и заедно решиле да отпатуваат на Тајланд во Као Лака, егзотична дестинација каде што Сајмон ја запросил. Веднаш почнале со планови за венчавка, а Петра се сушнала и со родителите на Сајмон и им рекла дека е пресреќна.

Меѓутоа, во еден момент сè се срушило. Силниот земјотрес во Индискиот Океан предизвикал едно од најсилните и најразорните цунами во поновата историја, кое однесе 230.000 животи.

Петра го преживеала разорното цунами на Тајланд, но го изгубила вереникот, кој се удавил.

„Бев со човекот што го сакав и со кого планирав да го поминам животот. Тоа беше еден ден после Божиќ и се подготвувавме да си одиме дома по преубавиот одмор на Тајланд“, раскажа таа.

И било необично кога морето во еден момент се повлекло. Неколку минути после тоа погледнала низ прозорецот на бунгаловот и здогледала огромен воден ѕид.

Profimedia

„Одеднаш слушнавме повици од плажата и го здогледав водениот ѕид. Гледав луѓе како трчаат и врескаат, а веќе следната секунда водата силно влезе во апартманот кршејќи ги прозорците. Во бунгаловот почна да влегува црна вода, насекаде имаше скршено стакло. Последен пат кога го видов Симон беше на покривот, но не се грижев бидејќи беше подобар пливач од мене“, се присеќава Петра.

Profimedia

Последно што слушнала бил гласот на Сајмон како ја вика.

„Не можев да го помрднам долниот дел од телото. Потоа во налетите на водените ѕидови почувствував нов прелом. Па повторно и повторно. Во еден момент се помирив со фактот дека ќе умрам“

Водата ја носела некое време, а потоа успеала да се фати за палма и осум часа чекала спас во полусвесна состојба. Спасителите ја нашле сосема гола на дрвото бидејќи разорниот ветар ѝ ја растргнал облеката.

ProfimediaПодоцна открила дека вресоците на другите луѓе биле најстрашни бидејќи ги слушала, а не можела да им помогне.

Кога стигнала во болницата ѝ кажале дека повредите ѝ се толку сериозни што веќе никогаш нема да оди. Имала внатрешни повреди и неколку скршени ребра.

Во болницата на Тајланд поминала два месеца, потоа уште два во родната Чешка, а после тоа морала повторно да научи да оди.

Петра ја основала хуманитарната фондација „Happy Hearts Charit“, која изградила 100 нови училишта на опустошениот простор.

Instagram

Долги години по страшната трагедија Петра успеала да ја пронајде среќата покрај сегашниот сопруг Бенјамин Лареш, со кого се венчала во 2019 година, со кого има синче.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот