Трагедија: Работник почина по пад при изведување градежни работи во Гази Баба

Градежни работници лето
Илустративна фотографија на градежни работници / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Починал работник кој паднал при изведување градежни работи на зграда во изградба на подрачјето на Гази Баба.

– На 23 септември 2021 во 16.39 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека при изведување градежни работи на зграда во изградба на подрачје на Гази Баба, паднал работникот М.Ц. (55) од Скопје, кој починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и инспектор од Државен инспекторат за труд, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот