ТРАГЕДИЈА – Поради топлотниот бран во Австрија починало двегодишно дете

Архива на СП

Денеска австриските медиуми ја објавија веста за смртта на двегодишно момче, кое починало како резултат на топлотниот бран, откако заспало во паркиран автомобил кој долго време бил изложен на сонце.

Австриската новинска агенција АПА објави дека момчето починало вчера во болница.

Австриските власти денес предупредија дека децата и животните може бргу да умрат во затворени возила без климатизација, дури и ако надворешната температура е само 26 Целзиусови степени.

Европа е зафатена од топлотен бран, а во повеќе земји се измерени рекодни тепмператури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот